Есента е симбол на периодот на венчавки во кои што секоја жена сака да заблеска кога ќе каже „Да“
Многумина девојки, уште од мали сонуваат за венчаница со својот принц, а многума мечтаат и за тоа како ќе бидат облечени тој ден, цртајќи ги своите идни венчаници и замислувајќи се себе во прекрасен бел фустан кој ќе придонесе да изгледаат како вистински принцези.
Драги дами, ако веќе сте го пронашле својот принц, или пак и понатаму со години до детали ја планирате вашата венчавка, ве носиме во најновата мода на венчаници.
Погледнете го изборот за оваа есен.
1. VERA WANG
Прочуената дизајнерка како да има некое волшебно стапче со кое ги создава своите модели. Бајковитата розова колекција за есен/зима 2014, е преполна со розови бои во различни нијанси и разни женски детали.
2. CAROLINA HERRERA
Феноменалната креаторка воодушевува со своите идеи и во оваа колекција. Нејзините венчаници дишат со гламур, а моделот е сведен на софистициран..
3. OSCAR DE LA RENTA
Прочуениот Оскар де ла Рента, во својата есенска колекција повторно докажа дека е феноменален. Ова е сигурно првиот избор на сите оние кои сонуваат за венчаница во облик на сирена. Елегантно, гламурозно и без претерани детали.
4. MARCHESA
Брендот Марчеса во својата нова колекција на венчаници, се фокусира на женствениот и нежен изглед, комбинирајќи чипка и нежни материјали. Ако сакате да изгледате привлечно и секси, но на ненападен начин, Марчеса се вистинскиот избор за вас.
5. ZUHAIR MURAD
Познатиот дизајнер со либанско потекло е инспириран од бајките и силуетите, а се со цел да ја истакне драматичноста и убавата фигура. Овој креатор ги поврзува практичното и новото, а тоа резултира со венчаница на која и зависува секоја жена.