Топ 10 Tour de France моменти

corvos_lance-armstrong.jpg Бидејќи Тур де Франс е во тек, Time.com креираше листа на најдобрите моменти од оваа неверојатна трка каде велосипедистите возат повеќе од 3.500 км за 21 ден. Моментално, по тригодишна пауза седумкратниот освојувач Ленс Армстронг има исто време како и водачот во жолта маичка Фабиан Канчелара. Кога сме кај Ленс, познавачите на Тур ќе се сложат дека листата најверојатно можеше да биде составена само од неговите потези. Сепак, ова е трка со традиција која започна во 1903 година, а оттогаш се истакнале низа нејзини учесници достојни за топ 10 место. [Top 10 Tour de France Moments]

- Реклама -