Едно е да се почастиш по некоја чашка по напорниот работен ден, ама сосема друго е да се направиш лом од пиење додека си на работа, за што за жал имавме и скорешен пример.
Резултатите од неодамнешното истражување спроведено од американскиот портал за статистика Statista.com, покажува дека другарите на алкохолот се најмногубројни во рударството – дури 17.5% признале дека се опеле барем еднаш во последниот месец. Упатените го препишуваат проблемот на претерано големиот стрес на работното место, како мрачното опкружување и тешките и ризични услови за работа, барем кога се во прашање рудниците.
Следува топ 10 листата на професии каде што алкохолот најчесто е присутен:
1. Рударство 17,5%
2. Градежништво 16,5%
3. Угостителство 11,8%
4. Уметност, забава, рекреација 11,5%
5. Комунални услуги 10,3%
6. Големопродажба 10,2%
7. Менаџмент 9,9%
8. Индустриско производство 9,7%
9. Земјоделство, шумарство, лов и риболов 9,4%
10. Недвижнини 9%