Дали некогаш сте помислиле кое би можело да биде најгрдото животно? Меѓу многуте би ги вброиле сивиот пеликан, кратконосиот стурген и матамата желката. Погледнете ја комлетната листа на следната страна.
10. Москови патката има црвени, во форма на месо израстоци околу очите и на основата на клунот. Некои велат дека тоа ја прави интересна. Да бидеме реални, изгледа како да има внатрешни органи наместо лице.
9. Дали Мандрилскиот бабун згрешил со шминката? Мажјаците од оваа раса се далеку поколоритни од женките. Тие се поагресивни, помасивни и бестрашни. Ве молиме не им кажувајте дека ги исмејуваме.
8. Овошните лилјаци се познати и како летачки лисици. Примарно може да се најдат како групирано висат наопаку во дивините на Африка.
7. Конкуренцијата за најгрдо животно дефинитивно се загрева со оваа Матамата желка. Преведено од шпански, матамата значи „Јас убивам, јас убивам“. Едно е сигурно, си ги убиваме очите со оваа слика!
6. Калифорниската sheephead риба може да се најде по карпестите гребени на Америка. Интересно е што сите се раѓаат како женки за подоцна да поминат низ стадиум кој ќе ги трансформира во мажјаци.
5. Спасете ја оваа грда риба! Не од огледало, туку од исчезнување. Кратконосиот стурген е примитивна риба со уста поставена на долниот дел од главата.
4. Проверете ги овие чудни очи на руската житна болва. Оваа инвазивна раса е релативно мал инсект кој достигнува до 2 мм.
3. Сивиот пеликан е голема птица која се гнезди на Американските брегови на Атланскиот Океан. Како и сите пеликани има кесичка под клунот која може да собере и до три пати повеќе од стомакот. Ние едвај можеме да ја додржиме храната во стомакот од погледот.
2. Дали фактот што стапалата на опосумот се обликувани како кај човекот прави да чувстувате посебна конекција со ова животно? Ако вашиот одговор е да, тогаш ви ги нудиме нашите симпатии.
1. Дали ви е мило што никој не го става вашето лице под микроскоп? Оваа бубачка победи на натпреварот за најгрд инсект и сега повторно е на првото место. Сликата е зголемена до 500 пати за подобро да се спореди со конкуренцијата. Понекогаш вистината е најдобро да остане незголемена.