За љубителите на чист воздух, природа и зашеметувачки видик кој ја исполнува душата и ги разбиструва мислите, авантуристичкиот iExplore ги избра најдобрите 10 дестинации за бегство од урбаната џунгла.
За љубителите на чист воздух, природа и зашеметувачки видик кој ја исполнува душата и ги разбиструва мислите, авантуристичкиот iExplore ги избра најдобрите 10 дестинации за бегство од урбаната џунгла.
1. Annapurna, Непал
300км и три недели се нумеричките одредници за да се дојде најблиску до врвовите на Хималаите и да се впушти во, според некои, најдобрата пешачка авантура во светот.
2. Тура низ апалачките планини, САД
Секоја година голем број на ентузијасти се упатуваат на оваа стотици километри долга тура за која се потребни не недели, туку месеци за да се доврши.
3. Санта Круз, Перу
Четиридневната тура низ ливади и тиркизни езера во близина на снежните врвови на Хималаите е вистински мелем за душата.
4. Национален парк Килиманџаро, Танзанија
Покрај тоа што е тука погледот на снежните падини на Килиманџаро, турата поминува низ прекрасните диви афрички пејзажи.
5. Турата Мон Блан
Прошетката долга околу 170km поминува покрај највисокиот врв на Алпите и преку три граници.
6. Западниот брег на Британска Колумбија
Турата низ Vancouver Island се протега на 120km, со прекрасен поглед врз карпи, плажи, трупови на стари бродови и уште многу нешта.
7. Тура Оверланд, Австралија
Најдоброто од Австралија ќе го доживеете пешачејќи низ Оверланд на 80km од Cradle Mountain и езерото St. Clair во националниот парк во Тасманија.
8. Torres del Paine, Чиле
Националниот парк Torres del Paine на крајниот југ на Чиле е дом на две легендарни тури The Loop и W.
9. Патеката John Muir, Калифорнија
Преку Yosemit, кањонот Kings и националниот парк на секвоите – доволно мотиви за незаборавни фотографии.
10. Camino de Santiago, Шпанија
Веќе стотици години наназад се оди на аџилак низ овие 740km долги патишта кои водат до катедралата Santiago de Compostela во Галиција, третото најсвето место меѓу христијаните.