На Клиниката за токсикологија изминатата ноќ биле хоспитализирани 24 пациенти во алкохолизирана состојба. На сите им била укажана лекарска помош и биле пуштени на домашно лекување.
Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека ноќеска во болница биле примени тројца пациенти поради предозираност со психотропни супстанци. Двајца пациенти се пуштени од болница, а една пациентка е задржана на опсервација.
Во Ургентен центар во текот на изминатата ноќ 60 граѓани побарале помош. Најголем дел од нив биле со повреди стекнати од тепачки, изгореници од пиротехника и исекотини од стакло.
Во Градската општа болница биле примени помал број на пациенти, без сериозни повреди.
Makfax