Сѐ дури оваа држава не ја разбере мултиетничката реалност и продолжи да инсистира на моноетнички македонски државни симболи, Албанците никогаш и никаде нема да ја пејат државната химна „Денес над Македонија се раѓа“, порача денеска Орхан Муртезани од политичката партија „Алтернатива“.
Од партијата велат дека со реакцијата за посетата на косовскиот премиер Албин Курти, претседателот Стево Пендаровски им се придружил на ВМРО-ДПМНЕ и Левица и конечно покажал дека е албанофоб.
Според Алтернатива, со реакцијата Пендаровски сакал и да му се додвори на српскиот претседател Александар Вучиќ, па Муртезани порача и дека „е добро државава и претседателот Пендаровски повеќе да не гледаат српски соништа“, бидејќи, како што рече, тоа сериозно им штети на спокојот и мирот на Балканот.
(Обраќањето на македонски јазик почнува од 1:44 во видеото)