Што тој навистина мисли кога ви раскинува

Мажите имаат илјадници реплики во ракавот со кои можат да ви раскинат во секој момент. Тоа не е ништо ново. Колку пати до сега сте ги чуле нивните добро познати изговори: „Во мене е проблемот“; „Не сум подготвен за врска“ итн.? Знаете ли што се крие зад овие празни зборови?

Проблемот не е во тебе, во мене е

Ова обично значи дека проблемот е во вас, нешто не му се допаѓа или сте го исплашиле, но едноставно не е доволно маж и нема храброст тоа да ви го каже в лице. А, тоа значи дека ќе ви биде подобро во животот без него.

Потребен ми е простор

Кога му е потребен простор, тоа значи дека го збудалувате со некоја постапка, т.е. го гушите. Добрата вест е што ова не мора да биде поврзано со вас, туку со неговата несигурност и смртен страв од обврски. Ако се посвети на една жена, тогаш сигурно животот му завршил. Бегајте што подалеку!

Имам премногу работа периодов, немам време за врска

Типична шифра за – не ми се допаѓаш нешто особено. Да, можеби работата е хаотична, но кога има време да седне да јаде, може да седне да јаде со вас. Во случајов, не сака да ви ги повреди чувствата и ве откачува на културен начин… ако таков воопшто постои.

Мислам дека треба да се гледаме со други луѓе

Тест реплика со која мажите кои се кукавици тестираат дали ќе им дозволите да спијат со други жени, без да имаат грижа на совеста. Најчесто, кога тој ќе искаже ваква реплика, веќе го направил науменото и сега само сака да заспие мирно.

Премногу си добра за мене

Да, премногу сте добра за него. Сам е свесен дека нема квалитети да биде добар партнер и затоа во овој случај послушајте го и бегајте колку што можете побрзо и подалеку!

- Реклама -