Претседателот на Интер, Масимо Морати потврди дека се потпишани документите со кој бизнисменот од Индонезија, Ерик Тохир купи 70% од акциите на ’Нероаѕурите’.
Двете страни неколку месеци водеа преговори, конечно успеаа да ги испеглаат разликите па утрово ставија потпис на документите.
„Сите документи се потпишани” – рече претседателот на Интер, Масимо Морати. „Во скоро време ќе биде издадено соопштение”.
„Среќен сум што конечно ја комплетиравме зделката, долго време бевме во преговори, но мислам дека се беше балансирано и добро завршено”.
Запрашан дали ќе остане на позицијата претседател на Интер, Морати одговори: „Сеуште не знам, ќе видиме”.
„Мислам дека изборот ќе зависи од мене”.
Медиумите од Италија пренесуваат дека Ерик Тохир ќе купи 70% од акциите на Интер и ќе донесе нов капитал на Џузепе Меаца.
Превземањето на клубот најверојатно ќе биде комплетирано следниот месец на вонредно генерално собрание.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал