Аргентинскиот фудбалски експерт Диего Симеоне (44) ќе го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2019 година, потврдија лидерите на шпанскиот фудбалски шампион…
„Среќен сум во Атлетико и би сакал да го продолжам овој проект кој го започнавме пред три години. Клубот и јас се цениме меѓусебно и мило ми е за тоа“, рекол Симеоне во разговор со шпанскиот AS.
Симеоне пристигнал на Висенте Калдерон во 2011 година од аргентинскиот Расинг. Под негово водство, Атлетико ја освои Европската лига, пшанското првенство, Копа дел Реј, шпанскиот Супер куп, евтопскиот Супер куп и се избори за финале на Лига на шампиони.
Атлетико во моментов е на трето место во Премиер со 53 поени, четири зад лидерите Реал Мадрид, кој има и натпревар помалку. На второ место е Барселона со 56 поени.