И тоа има: Бордел во кој „работеле“ само мажени жени

Пред неколку дена, руската полиција упадна во бордел за кој се испостави дека вработувал само мажени жени. Муштериите радо плаќале дури и 6 пати поскапо за шансата да спијат со туѓа жена.

Сопругите биле регрутирани по пат на „усмени препораки“ кои циркулирале во подземните кругови во руската престолнина Москва. Во најголем дел од случаите, сопрузите на „работничките“ појма немале за она што го прават нивните жени кога не се дома.

Според полицијата, апартманот со седум соби бил претворен во ексклузивен бордел во кој проститутките биле вработувани само откако ќе донеселе официјална венчаница која потврдувала дека „апликантката“ е нечија сопруга. Добар дел од работничките во борделот признале дека имаат редовна работа и дека ова го работеле за дополнителен приход.

За возбудата да спијат со туѓа жена, муштериите плаќале околу 340 евра на час. За споредба, вообичаената тарифа во Москва се движи околу 54 евра по час. Најдената документација потврдува дека бизнисот „цветал“, а имало и 7 редовни муштерии.

Според извештајот на полициската портпаролка Маргарита Маслова, уапсени се 11 луѓе. „Мама“ – жената што го водела бизнисот е во е бегство, а полицијата активно трага по неа. Па така, последиците ќе ги сносат воглавно вработените сопруги, кои се казнети со по 26 евра и огромна количина на објаснувања што им ги должат на нивните сопрузи.

- Реклама -