Тино Куртоа не ќе настапува за белгиската репрезентација во текот на целата година.

0

Белгискиот голман, Тибо Куртоа, не успеа да го заврши натпреварот против Шпанија, кој неговата репрезентација го изгуби со 2:1, поради повреда. И покрај тоа, искусниот чувар на мрежата изјави по натпреварот дека се чувствувал подобро и дека е подготвен да продолжи, но селекторот донел друга одлука.

По поразот, Куртоа сподели дека размислува за привремено повлекување од националниот тим. Неговата намера е да направи пауза од една година од настапите за Белгија, а потоа повторно да му се приклучи на тимот во подготовките за квалификациите за Европското првенство.