Британскиот тинејџер пронајден во јужна Франција откако исчезна пред шест години, се очекува да се врати кај своето семејство во северна Англија во следните неколку дена, соопшти во петокот британската полиција.
Полицијата во Манчестер соопшти дека работи со француските власти за да го врати Алекс Бати во Британија.
„Моментално е добро згрижен од француските власти… наш приоритет е да го вратиме во Велика Британија кај неговото семејство во Олдам што е можно поскоро, што се очекува да се случи во следните неколку дена“, изјави на прес-конференцијата високиот полициски функционер Крис Сајкс.
Бати, кој во тоа време бил 11-годишно момче, исчезна во 2017 година додека бил на патување со неговата мајка и дедо во шпанска Малага. Сѐ уште не е познато каде се наоѓа неговата мајка.
„Сè уште работиме на утврдување на сите околности околу неговото исчезнување и каде престојувал сиве овие години“, рече Сајкс.
Сајкс рече дека Бати разговарал со својата баба преку видео повик во четвртокот вечерта.