Tinariwen: Гитарски поети од југот на Сахара

Ако досега не сте чуле за Tinariwen, тие се икони на слободата и отпорот помеѓу своите луѓе – Туарег номадите од Сахара, кои од неодамна ги заменија калашниковите за гитари. Денес, полека стануваат инспирација за многу модерни музичари како Крис Мартин (Coldplay), Роберт Плант (Led Zeppelin), Rolling Stones и други.

Зборот ‘Tinariwen’ е множина од Tenere и значи „пустина“ на мајчиниот јазик на овие музичари – Тамашек, јазикот на Туарег номадите.

Групата е основана во 1982 во армиските кампови на Гадафи во Либија, каде овие млади луѓе биле протерани по репресијата на владата на Мали. Стилот кој го свират се нарекува „Тишумарен“ што во буквален превод значи „музика на невработените“.

Нивните песни помешани со блуз, рок, поп и арапска музика говорат за независноста, отпорот како и за секојдневните човекови односи. Тинаривен се воедно и првиот Туарег бенд кој почнал да користи електрични гитари.

Нивните албуми 18 години се пренесувале од рака на рака преку касети низ пустината, сè додека во 2001 не го снимиле својот прв студиски албум „The Radio Tisdas Sessions“, вистинско ремек дело од електрични гитари и заносна трансоидна атмосфера, кого критичарите го опишаа како „рокенрол од камено време“.

По снимањето на својот трет албум „Aman Iman” (Водата е живот), бендот беше поканет од Rolling Stones да ги поддржат на концертите во Ирска. Тинаривен ја прифатија понудата, признавајќи дека не биле баш сигурни дека знаат кои се Ролинг Стоунс.


Песна од нивниот втор албум Amassakoul (Патник)

{youtube}4-t6-XY7C7A{/youtube}

Песна од нивниот последен албум Aman Iman

{youtube}kjxzUeRXyq0{/youtube}

Песна од Radio Tisdas Sessions

{youtube}aKHiDT_dzYY{/youtube}

Документарец за Тинаривен со Стив Чандра од Asian Dub Foundation (прв дел)

{youtube}-MHAKNL-Vkg{/youtube}

Документарец за Тинаривен со Стив Чандра од Asian Dub Foundation (втор дел)

{youtube}V8DlnTVzHx0{/youtube}

Официјален вебјсат на Tinariwen
Tinariwen на Википедија
Is Tinariwen the greatest band on earth?
BBC – Awards for World Music 2008
Live At Other Music

- Реклама -