Тимоти Н’Гесан се прости од француската репрезентација


Олимпискиот победник, светски и европски шампион со француската репрезентација 32-годишниот Тимоти Н’Гесан се прости од репрезентацијата, соопшти Француската ракометна федерација.

„Беше одлично да се игра за француската репрезентација. Имав можност да живеам сон и да ги освојам сите титули. Да бидам искрен, беше прекрасно и тоа што го доживеав е неописливо”, изјави Н’Гесан, кој забележа 114 настапи за француската репрезентација и постигна 255 голови.

Со Франција, Н’Гесан освои олимписко злато во Токио (2020) и сребро во Рио де Жанеиро (2016), злато на Светското првенство во 2017 година и бронза две години подоцна, а има и европско злато во 2024 година и бронза во 2018 година. .

Францускиот ракометар е член на Барселона од 2016 година, а претходно настапуваше за Шамбери.

„По авантурата на Олимписките игри добив повик од Тим кој изрази желба да се збогува со националниот тим. Би сакал да му се заблагодарам за сѐ што донесе во францускиот тим и за фантастичното расположение што го покажа, секогаш со љубезен збор и насмевка за своите партнери. Беше примерен соиграч“, рече тренерот Гијом Жил.

- Реклама -