ТикТак: Концепт за музички часовник

Повеќе... Новиот концепт на македонскиот дизајнер Апостол Тноковски е нешто што веднаш го привлече нашето внимaние. Се работи за ултрамодерен часовник со Мp3 плеер, кој, иако според зборовите на дизајнерот е наменет за тинејџери, би го носеле и ние.

Новиот концепт на македонскиот дизајнер Апостол Тноковски е нешто што веднаш го привлече нашето внимaние. Се работи за ултрамодерен часовник со Мp3 плеер, кој, иако според зборовите на дизајнерот е наменет за тинејџери, би го носеле и ние.

ticktack1.jpg

Дисплејот на часовникот е чувствителен на допир и е многу едноставен за манипулација. На дисплејот може да се активира дигитално или аналогно прикажување на времето, или пак името на изведувачот и песната која свири во моментот. Во долниот дел се наоѓаат основните копчињата за манипулирање со Мp3 плеерот, а од страните се наоѓаат двата скрола за јачина на звукот (десно), односно за премотување на песната (лево), кои исто така се чувствителни на допир.

ticktack3.jpg

Часовникот има сопствена меморија која се надополнува преку USB кабел и батерија која може да се полни. Изборот
на слушалки со кабел наспроти Bluetooth слушалки е поради слабиот капацитет на батеријата, а бидејќи се работи за Mp3 плеер треба да се создадат услови за подолготрајно слушање музика.

ticktack5.jpg

- Реклама -