Bugatti и Енди Волас 16 години подоцна, повторно испишуваат брзинска историја. Bugatti Chiron (малку модифициран додуша) на тест патеката на Volkswagen Ехра Лесен развива максимална брзина од 490 километри на час или 304 милји на час. Зад воланот е човекот чие име е поврзано со скоро сите понови брзински рекорди на сериски автомобили, како на пример оној на 31-ви Март 1998 година, кога зад воланот на McLaren F1 достигнува рекордни 391 километри на час. Човеков има навистина големи кохонес…
Што и како се случуваше на тајната тест патека на Volkswagen на 2-ри Август?! Додека ние си славевме Илинден, инженерите и механичарите на Bugatti на рентген ги проверуваат гумите на модифицираниот Chiron, бидејќи не сакате да ви експлодира гума при брзина од скоро 500 километри на час! Сега онаа 500-ка од брзиномерот на Bugatti Chiron има смисла.
По проверката на смесата и притисокот во гумите, Енди Волас го вметнува клучот за максимална брзина и автомобилот на располагање има 1578 коњски сили. Прави еден загревачки круг околу овалната патека со правец долг 8.7 километри, со брзина не поголема од 250 километри на час, со цел да го стабилизира притисокот во гумите. Во вториот налет кон правецот од скоро 9 километри, излегува од свиокот со брзина поголема од 200 километри на час и во наредните неколку километри испишува историја.
^ Видео: Bugatti Chiron поместува брзински граници – извор: Bugatti YouTube
На прв поглед, веднаш се забележува дека овој Chiron е малку подолг од оној што го знаеме. Оваа “Longtail” варијанта, инженерите на Bugatti ја развивале во последниве 12 месеци, интригирани од подвигот на Koenigsegg Agera и SSC Tuatara која допрва треба да се докажува и има 1700 коњски сили. Во 2007 токму SSC Ultimate Aero го симна Veyron од тронот достигнувајќи брзина од 412 километри на час. Овој Longtail Chiron е 11 инчи (28 сентиметри) подолг од нормалниот Chiron, и мојата теорија е дека токму овој автомобил ќе биде Chiron Super Sport. Портокаловата боја на црната подлога од карбон фибер е тизерот кој ме натера да размислувам во правец на моделот Super Sport. Освен аеродинамичниот пакет со минимален драг, автомобилот има некој плус и под хаубата. Идентично како и кај моделот Centodieci, за кој ќе читате во наредната епизода, со помош на рекалибрирање на четирите турбо полначи, силата е зголемена на 1578 коњски сили. Менувачот и сите други компоненти се од стандардниот модел Chiron. За мене е интересно што инженерите го враќаат во употреба докажаниот Longtail, аеродинамичен пакет и дизајн, што првпат е применет на легендарниот Porsche 917 за потребите на трката Ле Ман. Да бидам искрен, дизајнот на Chiron никогаш не ме воодушеви, но еве ме цел ден гледам во овој нов продолжен дизајн и морам да признаам дека сум воодушевен и изгледа неверојатно.
И така, Bugatti е повторно најбрзиот автомобил во светот, и се е на своето вообичаено место во автомобилската индустрија, но доаѓаат времиња во кои ловците на Bugatti повторно ќе возат кон брзинските височини, и Bugatti ќе прават SUV… To be continued…
Со Брацо Моралиќ.
Сакаш уште? КЛИКНИ.