Утрово во Скопје, Битола и Тетово е регистрирано високо ниво на загадување на воздухот.
Според податоците од мерните станици Тетово е 17 пати повеќе загаден од дозволеното, додека воздухот во Лисиче е 10 пати над дозволеното.
Иако во другите делови од Скопје и во другите градови во земјава загадувањето беше помало од Тетово и скопската населба Лисиче, сепак мерните станици покажуваа високо ниво на загаденост и во Битола, како и скопските населби Карпош и Гази Баба.
Во меѓувреме Светската банка ја рангираше Македонија на петто место по смртност од загаден воздух.