Џенифер Конели, 54-годишен менаџер на човечки ресурси во Њујорк, не успеа да го осуди 12-годишниот внук за тоа што тој ја прегрнал премногу силно за време на прославата за осмиот роденден во 2011 година.
Момчето скокнало од велосипедот за да ја изгушка својата тетка, поради што таа паднала и си го скршила зглобот.
„Тој директно леташе кон мене”, рече Конели во сведочењето пред судот во Бриџпорт.
На вчерашната седници шест члената порота сепак пресуди во корист на на внукот Шон Тара.
Коноли инсистирала да добие 127 000 долари надомест од момчето, чија што мајка починала минатата година.
„Неодамна бев на забава и ми беше тешко да ја задржам чинијата со мезе,” посочила уште Конели во судот како последица од добиената повреда.
Тужбата била поднесена уште во 2013 година, но дури сега дошла во видното поле на медиумите.