Втората фаза од тестирањето на технологијата „гол линија“ почна во англискиот град Саутемптон, на помалку од два месеци пред творците на фудбалските правила да одлучат дали таа ќе се користи на натпреварите.
Експериментите со технологијата „Соколово око“ која се користи во тенисот и крикетот, се реализираат на стадионот Сент Мери во Саутемптон. Тој систем со камери ја следи топката и е во сопственишто на „Сони“.
Вториот систем кој го разгледува Меѓународниот фудбалски одбор (ИФАБ) е “GoalRef” кој треба да се тестира во првенството на Данска. “GoalRef” е во сопственост на една германско-данска компанија а се потпира на магнетното поле и специјална топка.
ИФАБ конечната одлука околу тоа дали ќе дозволи употреба на технологија ќе ја донесе на состанокот на 2. јули.
Објавено во соработка со Екипа.