Тестирај го Galaxy S4 со онлајн симулатор

Најновиот предводник на Samsung веќе е во продажба кај сите наши мобилни оператори и е подготвен да го привлече вашето внимание. За таа цел, Samsung направи онлајн симулатор за Galaxy S4 каде можете да проверите што опции нуди телефонот.

Samsung од секогаш бил доста иновативен претставувајќи онлајн симулатори и за своите постари модели, како за Galaxy Nexus и Note. Со доаѓањето на својот нов телефон, Galaxy S4, интерфејсот на симулаторот веќе е ажуриран со цел да се направат упатства за полесна навигација и многу полесно да се чита. Симулаторот е одличен ако сакате да добиете идеја за тоа како работи овој модерен телефон или ако сакате да научите повеќе во врска со тоа, било за себе, или за некој што му помагате.

Galaxy_S4_simulator_610x428

Симулаторот за Galaxy S4 можете да го најдете ТУКА!

Со симулаторот можете да ги прегледате следниве теми:

· Основни функции

· Прилагодување на екранот

· Заклучување на екранот

· Комуникација

· Поврзување

· Услуги

· Мултимедија

· Подесувања

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -