Тест по морал: Ти што би направил?

moralmachine-1lw6fkp-1024x589[1]

По сите изгледи, самоуправувачките автомобили се на чекор до масовно производство. Но ако тоа се случи, ние луѓето ќе бидеме соочени со сериозен проблем за кој пишувавме и порано – моралниот.

Имено, автономните автомобили што ќе се најдат во комплексни ситуации, ќе мораат да носат тешки одлуки. Ако мора да удрат, каде да удрат? Ако мора да има жртви, кој да биде спасен? Патниците или пешаците, животни или луѓе, млади или стари, машко бебе или женско бебе, четворица што поминуваат на зелено или петтмина што поминуваат на црвено?

Драги моралисти, бујрум на вебсајтот наречен Moral Machine, кој собира податоци за тоа како и што луѓето би избрале да направат во таква ситуација. Поконкретно, Moral Machine е еден вид игра во која практично решавате кого ќе убиете, а на крајот ќе ви бидат презентирани резултатите во смисла на тоа кого сте преферирале да спасите и кои идеали ви се најблиски. Верувајте, ќе има дел што нема да ви се допадне, ама дефинитивно ќе дознаете малку повеќе за себе и следниот пат кога ќе играте можеби ќе направите поинакви избори (и така до бескрај).

Инфото е тоа, време е за тестирање на вашиот морал. Кликнете ТУКА, па одете на „Start Judging“.

 

- Реклама -