Мора да признаеме дека овие тестови се почесто се појавуваат на интернет просторот.
И овој тест исто се состои од избор на слика и опис на личноста.
Наводно ги составуваат психолози, но „понесете го“ со себе скептицизмот, кога и да се тестирате на овој начин.
Подолу погледнете ги одговорите…
…………………………………………………………….
………………………………………………….
……………………………….
………………..
……..
..
1. Генијалец: Имате брилијантна и рафинирана личност. Помалку сте резервирани кон луѓето. Брзо размислувате и имате високо развиен интелект – може да ги решите скоро сите загатки, мозаици, сложувалки … Често ја нервирате околината со дискусиите кои ги започнувате и вообичаено имате сосема различен став од повеќето околу вас. Спокојството и удобноста се многу важни за вас. Имате тенденција да бидете сами не обрнувајќи големо внимание на чувствата. Во суштина, тежнеете за тоа да останете силни и стабилни, па дури и кога имате силни емоции, вие се обидувате да ги сокриете.
2. Исклучително независни: Вие сте една среќна душа кои речиси никогаш не бара помош од другите. Во суштина вие сте рангирани високо во општеството и сте успешна личност. Низ животот ве води чиста логика и вие гледате на животот како на стратешка игра. Сакате да се бидете сами и да зависите само од себе. Имате силна самоконтрола и сакате да ги држите сите конци во ваши раце. Вие сте ладна, но спокојна и стабилна личност. Вие сте роден лидер!
3. Шармер: Цврсто стоите на земјата, исклучително сте модерни и имате слободен дух. Вие сте иновативни, па често од обичните нешта правите сосема необични нешта. Вие сте импулсивни и секој нов ден за вас претставува нова авантура. Сепак, повеќето од вашите дејства имаат некои скриени намери, а многу често вашето однесување предизвикува шок во околината. Умеете и да ги навредите другите без поголем проблем.
4. Оптимист: Вие имате мирна душа која сака да сонува. Секогаш гледате позитивно кон нештата, па дури и кога сте загрижени, тоа го правите со насмевка. Освен тоа, вие сте секогаш расположени да им подарите љубов и насмевка на луѓето околу вас. Вие сте интелигентни и вредни, а понекогаш и помалку срамежливи, иако срамежливоста не може веднаш да се забележи, затоа што сте премногу забавни. Понекогаш дури вашиот хумор умее да ги повреди луѓето кои ги сакате.
5. Вас не може никој да ве заборави: Вие сте храбра личност која е многу впечатлива и атрактивна. Тешките задачи во животот ги решавате внимателно и со голема страст. Сепак, не заборавајте дека вашата голема страст во животот има своја мрачна страна – понекогаш умеете да бидете бескрупулозни. Оставате многу силен впечаток врз вашата околина, и го привлекувате вниманието на сите околу вас. Донесувате одлуки многу брзо, но и лесно го губите вашиот темперамент.
6. Вие сте сигурни: Вие сте љубезни, благодарни по природа и сакате да ги негувате пријателствата. Му помагате на секого на кого му е потребна помош, одлично чувате тајни и луѓето најчесто имаат голема доверба во вас. Знаете да бидете и помалку мистериозни. Знаете да балансирате помеѓу две “завојувани” страни и секогаш носите со себе аура на хармонија. Вие сте пријатни, луѓето секогаш уживаат во ваше друштво, кога се со вас тие се чувствуваат како да се дома.
7. Мудри: Вие сте завртени кон мудроста и духовноста. Вие сте многу достоинствени и секогаш се стремите кон само-подобрување. Сакате да прочитате добра книга и секогаш кога сте во можност да научите нешто ново. Поседувате философски ум и ги сакате малите нешта кои ги спојувате за да направите голема слика од вашиот живот. Вие сте пацифист и добар пријател, но првенствено ги гледате своите интереси.
8. Чудни: Вие сте популарни, сигурни и добро ги проценувате луѓето. Полни сте со мисли, но и често умеете да бидете меланхолични. Креативни сте и експресивни, а често нештата знаете да ги правите на некој свој, посебен начин. Никогаш не заборавате да им покажете на луѓето колку сте сепак чудни. Но и многу шармантни, па вас луѓето просто ве обожуваат.
9. Имате чиста душа: Вие сте прилагодливи, со чиста душа и многу квалитети. Лесно се вклопувате и се сложувате со околината. Иако на прв поглед делувате како срамежлива личност, всушност сте многу отворени кон луѓето кои ги познавате. Добро знаете кои сте и што сте, верувате во себе и сте навистина вообичаено одличен судија. Затоа луѓето често ви се обраќаат за совет или мислење. Вие сте една од оние личности кои се родени за посебни нешта. Вистински голема личност!