Во оваа статија ќе извршиме комплетна проверка на двете камери на iPad Air, односно тест и на фронталната FaceTime HD камера и на заднинската iSight камера. Во прилог ги прикачуваме и сликите кои се направени со двете камери, вметнати во видео кое е направено со овие 2 камери на iPad Air.
Одлики на iPad Air камерите:
==Front FaceTime HD Camera==
1.2MP слики, 720p HD видео, FaceTime видео повик преку Wi‑Fi или мобилен, детекција на лице, илуминација на позадина, едноставен тап за контрола врз сликите и видеата, геотагирање (геолоцирање) и на сликите и на видеата.
Во однос на снимање на видео се одликува со 1080p HD видео снимање, видео стабилизација, детекција на лице, едноставен тап за фокус при снимање, илуминација на позадина и 3x video zoom.
==iSight Camera==
5MP слики, автофокус, детекција на лик, илуминација на позадина, леќи кои ги опфаќаат 5-тте елементи, Hybrid IR филтер ƒ/2.4 бленда, едноставен тап за контрола и фокус на видео или обична слика, фото и видео геотагирање и HDR слики.
[youtube]http://youtu.be/-dZ0hS3Q8Zs[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk