Дали можете да замислите како е да се живее во куќа широка 1 метар и
висока 10? Една ваква градба во Бразил предизвика внимание кај
медиумите деновиве: таа има 3 ката и е дизајн на Хеленита, која е
воедно и среќен сопственик на оваа куќа.
Дали можете да замислите како е да се живее во куќа широка 1 метар и висока 10? Една ваква градба во Бразил предизвика внимание кај медиумите деновиве: таа има 3 ката и е дизајн на Хеленита, која е воедно и среќен сопственик на оваа куќа.
Во прво време, општината не и издала дозвола да ја изгради, но потоа сфатила дека токму оваа куќа би можела да стане туристичка точка за малото гратче од 12.000 жители.
Пред куќата има клупи каде туристите може да одморат гледајќи во оваа необична градба. Некои пак, се пољубопитни и прашуваат за дозвола да влезат внатре и да изнудат некоја фотка со своите апарати.
Хеленита планира да изгради и четврт кат – место за опуштање, скара и рекреација.