„Не сум оптимист, особено имајќи го во предвид тоа што се случува од неодамна во Скопје“, одговори претседателот на бугарскиот дел од Заедничката комисија за историски прашања – историчарот Ангел Димитров, прашан за неговите очекувања од претстојната средба на комисијата.
„Тешко се работи со нашите колеги“, изјави тој во гостувањето во „Още от деня“ на БНТ, алудирајќи на македонскиот дел од комисијата, образложувајќи дека ставовите на колегите од Македонија се разликуваат од она што го зборува премиерот Зоран Заев.