Терористите од “Исламска држава” со експлозија го уништија последниот мост преку реката Еуфрат, кој води кон градот Рамади во Ирак, јави иранската новинска агенција.
“Терористите се обидуваат да го запрат движењето кон градот, преку минирање на последниот мост кој води кон Рамади” соопшти командантот на ирачките сили во провинцијата Анбар, Генерал-мајор Исмаил ал Махлауи. Тој истакна дека во центарот на градот останале околу 300 терористи.
Претходно терористите разнесоа други мостови кон главниот град на покраината во обид да го спречат нападот на армијата на Ирак и на локалните милиции, што започна во ноември.
Владините сили веќе успеаа да ја преземат воената база во северниот дел на градот, како и источните предградија. Денес се соопшти дека се ослободени и западните делови на градот.