Тери: Варан е „Ролс Ројс“ за Манчестер јунајтед

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец – Џон Тери, очекува Рафаел Варан да биде огромно засилување за Манчестер јунајтед.

„Фудбалер кој ја освои Лигата на шампионите веднаш ќе започне да игра. За Манчестер јунајтед, Варан е ‘Ролс Ројс’. Има импресивна контрола на топка и агресија. Тој е еден од најдобрите фудбалери. Со нетрпение го очекувам неговиот настап во Премиер лигата“, изјави Тери.

На 27 јули, Манчестер јунајтед постигна договор со Реал Мадрид за трансфер на Варан во Англија.

За десет години во Реал Мадрид, Рафаел освои четири трофеи во Лигата на шампионите и три пати стана шампион на Шпанија. Беше дел од француската репрезентација која го освои Мундијалот во 2018 година.

МИА

- Реклама -