Тереза Меј не можеше да излезе од заклучената кола – „совршена аналогија за Брегзит“: (ВИДЕО)

Траеше само неколку секунди, но се чинеше како вечност. Додека дождот лееше од берлинското небо, колата на Тереза Меј застана пред црвениот килим на кој ја чекаше германската канцеларка Ангела Меркел. Но Меј не можеше да најде начин да излезе од колата. Додека таа се соочуваше со безизлез, Меркел стоеше и трпеливо чекаше, под покрив и на суво.

На крајот, конечно, еден од патниците во возилото на Меј се позанимава со бравите и успеа некако да ја отклучи вратата, но во горниов опис многумина видоа совршена аналогија за ситуацијата во која се наоѓа Тереза Меј со нејзиниот план за Брегзит, особено откако го одложи клучното гласање за условите за повлекување на Велика Британија од ЕУ.

„Нејзиниот договор е заклучен во место исто како што таа е заклучена на задното седиште“.

„Меј не може да нé извади од ЕУ, а сега и самата не може да се извади од кола“.

„На некој начин, сите сме заклучени во колата на Тереза Меј додека Ангела Меркел нé гледа збунето“, се дел од коментарите.

 

- Реклама -