Марко Арнаутовиќ и Сократис Папастатопулос се степаа на вчерашниот тренинг на Вердер, соиграчите спречија поголем инцидент.
Вердер е во голема криза, тимот од Бремен освои само два бода на последните пет натпревари, продолжува да тоне на табелата и има шест бодови повеќе од местото кое води во плеј-оф двомеч за опстанок во Бундеслигата.
Во пресрет на тешкото гостување кај Мајнц, медиумите од Германија пренесуваат за тепачка помеѓу Марко Арнаутовиќ и Сократис Папастатопулос на вчерашниот тренинг.
По еден неопасен дуел помеѓу двајцата, Арнаутовиќ му пререкол нешто на Сократис, кој решил физички да се пресмета со напаѓачот.
Двајцата фудбалери се фатиле за гуша, си размениле по еден удар, а поголем инцидент спречиле нивните соиграчи.
За мешаницата на тренингот, тренерт Томас Шаф рече: „Се е тоа во жарот на борбата, и не треба да се прави драма”.
[youtube]http://youtu.be/eIwQFLZ4tAI[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.