Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, разбирливо беше крајно фрустриран по крајот на натпреварот против Ливерпул во 3. коло од Премиер лигата, кој „црвените ѓаволи“ го загубија со 3:0.
Холандскиот стручњак е на мислење дека проблемот за лошите резултати на тимот не лежи во него.
-Јас не сум Хари Потер. Дали навистина мислите дека проблемот е во тренерот? Не мислам дека е така, инаку немаше да освојуваме трофеи, како што правиме и да победуваме големи ривали, рече Тен Хаг.
За новото засилување Мануел Угарте посочи дека се уште не играл оваа сезона и тој треба да ја подобри својата физичка кондиција.
-Ќе бидат потребни недели, можеби месеци, изненади со одговорот тренерот на „црвените ѓаволи“.