Нивните животи се полни со куќи од соништата, кабриолет автомобили и одлични гардероби но животот на Барби и Кен не е баш најсовршен.
Во нова фото серија со наслов “In The Dollhouse”, дело на Дина Голдстин од Ванкувер, најпознатата кукла во светот живее очаен живот со нејзиниот партнер Кен. Барби набрзо дознава дека нејзиниот партнер е поженствен од неа и нивниот навидум идеален живот е уништен поради неговото мамење.