Телефонирањето во иднина

Повеќе...

И додека го читаме текстов, многу научници и изумители работат на спојување на телефонот со човечкото тело и усовршување на уредот за комуникација.

И додека го читаме текстов, многу научници и изумители работат на спојување на телефонот со човечкото тело и усовршување на уредот за комуникација.
 
mob1jpg.jpg
Практичност
Најпознатите јапонски дизајнери на мобилни телефони веќе размислуваат како да развијат телефони кои би биле продолжение на човечкото тело. Да речеме, микрофонот и звучникот на телефонот да се поврзани на зглобот од раката, а коските би се користеле за пренос на вибрациите до увото и назад, и на тој начин да се регистрира звукот. Или под кожата да се смести "дигитален тату дисплеј" кој напојување би добивал преку протокот на крв на корисникот. Дисплејот би имал големина 2х4 инчи и директно да се приклучува на артеријата и вената, а истиот ќе може да комуницира со bluetooth уреди, било да се тие на или во телото на човекот. 
Поврзаност
"Обичниот" корисник на мобилен телефон, кој досега беше само пасивен набљудувач на настаните, ќе може "активно" да учествува во нив, така што ќе може да разменува информации со сите останати корисници од истата мобилна мрежа. Информациите може да бидат во вид на текст, звук или слика, и тука нема ништо ново. Но, нивната презентација ќе биде нешто што е досега невидено – нано технологијата овозможува толку јасна и верна слика како да се гледа со сопствените очи. 
Технологија

mob2jpg.jpg

Иднината на телефоните зависи од технологијата која ќе биде достапна во моментот на производство – се очекува дека пресвртот ќе се должи на нано технологијата. Екраните на допир со дебелина од неколку милиметри, осетливи не само на допир туку и на околината во која се наоѓа корисникот, ќе можат да му пружат информации, да речеме, за најблиската музичка манифестација. Веднаш ќе може да се превземе и целата мултимедијална содржина која се однесува на тој настан и сите останати од ист жанр – нешто како сервисот last.fm, кој врз основа на жанрот на кој припаѓаат изведувачите кои ги слуша регистрираниот член прави плеј листа од песни кои во моментот би му одговарале на расположението на корисникот.
Еднократни телефони
mob3jpg.jpgУште во 1999 година Randice-Lisa Altschul го патентира Phone-Card-Phone. Тоа е всушност хартиен мобилен телефон направен од рециклирана хартија наменет за 60 минутен разговор. Планираната цена во тоа време беше само 20 долари со можност таа минутажа да се дополни, но сепак предвиден само за еднократна употреба. Што се однесува на концептот на рециклирање, се направи и чекор понапред, со тоа што корисниците добиваа и два до три долари ако го вратат апаратот на продажното место наместо да го фрлат во ѓубре. 

Смалување
Се поставува и прашањето колку ќе можат телефоните да се смалуваат, колку функции ќе можат да им понудат на корисниците… По некое истражување, корисниците во иднина ќе се ориентираат само на телефони со едноставни функции, кои се практични и секако достапни во цената. 

- Реклама -