Текстил од цигари

Повеќе...

Сигурно сите се сложувате дека фрлен пикавец на улица изгледа одвратно. Но, младата дизајнерка Alexandra Guerrero добила идеја да на малку наобичен начин, заедно со нејзината дизајнерска компанија Mantis ги искористат 4.3 милијарди отпушоци кои годишно се фрлаат на улиците. 


priprema_1.jpg

Сигурно сите се сложувате дека фрлен пикавец на улица изгледа одвратно.
Но, младата дизајнерка Alexandra Guerrero добила идеја да на малку
наобичен начин, заедно со нејзината дизајнерска компанија Mantis ги
искористат 4.3 милијарди отпушоци кои годишно се фрлаат на улиците.

Ретко дека досега некој добил идеја да рециклира отпушоци, а уште помалку да се облекува во нив. Но, чилеанска дизајнерка дошла на одлична идеја и се она што го започнала како училишен проект и за кое добила позитивни резултати и заинтересираност кај публиката сега веќе се претвора во бизнис. Таа се надева и дека овој проект ќе придонесе за почиста и поздрава околина и дека ќе биде одлично решение за несаканите пикавци по улиците.

 
Откако дизајнерката убаво ќе ги испере и обои во различни бои, таа потоа ги раздвојува влакната на филтрите извадени од отпушоците кои се спремни да се измешаат со чиста природна волна.
 

priprema_2.jpg 

 

На крајот секое парче облека од нејзината колекција содржи 10% материјал од отпушоци и 90% природна волна. 

 

priprema_3.jpg

 

Досега има изработено 5 парчиња од тој тип: фустан, капа, пелерина, џемпер и сапуни, а за тоа и биле потребни околу 5000 пикавци. 

 

dzemper.jpg

fustan.jpg

pelerina.jpg

kapa.jpg

sapun.jpg 

 

- Реклама -