Текила – новиот начин на слабеење

Иако одамна е познато дека алкохолните пијалоци го зголемуваат количеството на калории што ги внесуваме, една нова студија покажува корелација меѓу текилата и слабеењето.

Во студијата спроведена од Американското хемиско здружение е испитуван ефектот на текилата врз нивото на гликоза во крвта. Утврдено е дека шеќерот во растението од кое се прави текила може да помогне да се намали шеќерот во крвта.

Природните шеќери кои ги има во растението агава се нарекуваат агавини. Не треба да ги поистоветуваме со сирупот од агава. Овие шеќери не се апсорбирани од телото, што значи дека не го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

За време на истражувањето, научниците утврдиле дека глувците кои биле на стандардна диета/исхрана, а потоа пиеле вода со додадени агавини, како резултат почнале да јадат помалку и имале пониско ниво на шеќер во крвта, во за разлика од другата група на кои не им биле давани агавини.

Прочитајте и:  Четири грешки кои предизвикуваат зголемување на шеќерот во крвта: Многу луѓе не ни сфаќаат дека ги прават

Покрај тоа, глувците кои консумирале агавин произведувале хормон наречен GLP-1, кој е познат по тоа што нè прави сити подолго време.

Овој хормон го стимулира и производство на инсулин. Врз основа на овие заклучоци, научниците сметаат дека агавата може да биде корисна за луѓето со дијабетес или оние кои се борат со вишок килограми.

- Реклама -