Тејлор Свифт се приклучи на листата на светски милијардери


Планетарната пејачка ѕвезда Тејлор Свифт се приклучи на листата на светски милијардери, според новата листа на богати, објави во вторникот BBC.

Американската поп-ѕвезда првпат влезе на листата на светски милијардери на деловниот магазин Forbes  со 1,1 милијарда долари, заедно со креаторот на ChatGPT, Сем Алтман со милијарда долари.

Сопствениците на францускиот гигант за луксузни производи LVMH, Бернар Арно и неговото семејство се на врвот на листата со проценети 233 милијарди долари.

Forbes објави дека во 2024 година ќе има рекордни 2.781 милијардери. Бројката е за 141 повеќе од лани. Магазинот додава и дека елитата е побогата од кога и да е претходно, со вкупно богатство од околу 14,2 трилиони долари.

- Реклама -