Техномаркет издвојува средства од продажбата за Клиниката за детски болести

Техномаркет најавува голема донација во Клиниката за детски болести. Во следните неколку месеци се до Нова Година, најголемиот синџир на продавници за бела техника и апарати за домаќинство, ќе издвојува дел од својот месечен промет и ќе го намени за опремување на ЕХО собата во оваа клиника. 

Техномаркет ја овозможи оваа донација на начин преку кој и граѓаните можат да донираат за детското одделение, а притоа да не почувствуваат никакво оптеретување од сопствениот буџет. Всушност, со секое купување на барем еден производ од Техномаркет, почнувајќи од почетокот на октомври, купувачите учествуваат во донацијата, а Техномаркет ќе издвои дел од својот приход за оваа намена.

IMG_8060

„Сите ниe имаме семејства и знаеме колку е значајна грижата за децата. Затоа, со оваа наша донација, сакаме да придонесеме, кон разубавување и доопремување на ЕХО собата во Клиниката за детски болести и на тој начин да направиме престојот на децата да биде што е можно попријатен“, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер на Техномаркет.

Во договор со Клиниката со средствата од донацијата ќе бидат обезбедени потребни материјали и опрема за ЕХО собата, кои се од големо значење како за персоналот, така и за пациентите, а во соработка со компанијата Авент чии производи се застапени во Техомаркет, ќе се донираат и неопходни реквизити за собите на пациентите.

„Секаква донација, во кој било оддел или форма за нас е добредојдена, посебно заради фактот што работиме со деца. Затоа инцијативата на Техномаркет за една ваква донација, посебно не радува“, изјави проф, Д-р Розана Кацарска, шеф на кардиолошкото одделение.

Технички апарати, разубавување на собата, неопходни реквизити и изненадувања за децата е дел од донацијата на Техномаркет која ќе биде доставена на крајот од годината.

- Реклама -