Фехми Даку, таткото на фудбалерот на Албанија Мирлинд Даку, зборуваше за скандалот со неговиот син на Евро 2024.
– Мојот син веќе се врати дома. Мирлинд е здрав, но не се чувствува добро од ситуацијата. Му реков никогаш повеќе да не го прави тоа. Ќе одмори неколку дена, а потоа ќе замине во Русија. Слушнав дека неговиот клуб Рубин Казан ќе го казни Мирлинд за неговите постапки на Евро – оваа одлука на клубот мора да се почитува. Тој нема да има проблеми со соиграчите од Србија, тие ќе живеат во мир, изјави Фехми Даку за „Sport24“.
По натпреварот од второто коло од групната фаза на ЕП против Хрватска (2:2), Даку преку мегафон од навивачите упати псовки кон Србите и Македонците.