Според српски Информер, татко од општина Звездара во Белград завршил зад решетки откако му удрил „воспитна“ на 11-годишниот син. Човекот пред 4 дена се вратил од работа и го затекнал синот како ја гаѓа мајка си со книги и за да го смири, му удрил заушка. Детето повикало полиција и го пријавил таткото за семејно насилство, па тој истиот ден бил уапсен и му бил одреден 48-часовен притвор, а го чека и кривична пријава.
Според Информер, ова никогаш немало да се случи ако детето не го пријавело родениот татко во полиција.
„Таткото дошол дома и го затекнал 11-годишниот син како се кара со мајка му и ја гаѓа со книги. Му удрил заушка на детето, тоа отишло во својата соба и ситуацијата се смирила. Меѓутоа, додека родителите ручале и речиси заборавиле на настанот, детето повикало полиција и пријавило. Полицијата дошла на врата и кажала дека имаат пријава заради насилство па го привела таткото, кој како и мајката бил шокиран од ситуацијата“, велат од Информер.
Останатите детали можете да ги прочитате на Мајка и Дете