Хиените се растреперија. Немој Зоки, немој среќо оставка да дадеш. Зарем вака неславно да заврши нашево? Никако оставка, наспиј се и до понеделник ќе смислиме нешто. Нова лага, нов спин до изборите.
Ќе најдеме за нашиве гласачи некоја причина, шарено лагиче зошто мора да останеш. Немој чедо оставка. Убаво ни е вака. Се навикнавме. Вообразеноста и власта ни се природни особини, наследени од родителите, бабите и дедовците, не е во ред да останеме без тие убави особини туку-така.
Не само што сте бедни, смешни сте. Ви текнува кое беше главното ветување кога пред три години дојдовте на власт. Турбо брз влез во НАТО и датум за преговори за влез во ЕУ. Уште го немате ни едното ни другото. Ај она НАТО може ќе го дадат за да ве потсмират после тешкиов дебакл со ЕУ, она, како со морковче да ве залажат, но главното не го исполнивте. Ај што не го исполнивте туку и лажевте дека сите отстапки што ги направивте на штета на Македонците и оваа држава, се гарант за тоа исполнување. Не, не, не сте до гуша во гомна. Нуркате во гомна, гомногњурци. Гомната ви влегуваат во устата ушите носот.
И за многу побенигни ситуации влади и премиери давале оставка. До изборите ќе лежите беспомошни на дното на септичката јама што самите си ја ископавте. Слика има тон нема.
Затоа оставката на премиерот и владата е најбезболното нешто што мора да се направи, оти вашето останување на власт, верувајте, ќе ве однесе во други глупоштии, ко што го однесе ВМРО, по дебаклот во Букурешт 2008.
Да не ме спинуваат вашите лиглиња со нивните шарени лаги, дека сакам да се врати ВМРО, јавно и гласно велам: Никој! Ни ВМРО ни било кој друг! Изборите со закон да се забранат кај нас!
Клуч на врата и клучот на рака на странски технократи. Експертска странска влада. Ако нема резултати, нема пари, само основицата. Ако завршат добра работа, пеки. Нека лапаат бонуси и награди, нека заминат одовде натоварени ко лаѓи.
Другово се виде. Го гледавме 30 години. Доста е.