Тарифите на електричната енергија во Италија покачени за 136 отсто

Рим, 20 октомври 2022 (МИА) – Тарифите за електрична енергија во Италија минатиот месец забележаа рекордно зголемување, за повеќе од 136 отсто на годишно ниво, се вели во извештајот на Националната унија на потрошувачи.

Во документот се наведува дека во септември цените на електричната енергија го зазеле првото место на рангирањето на најскапи стоки и услуги, што синдикатот редовно го изготвува врз база на податоците на Италијанскиот национален институт за статистика.

Во категоријата непрехранбени производи, според поскапувањето следуваат авионските билети за летови низ Европа, со поскапување за 128 отсто изминатите 12 месеци, а следат интерконтиненталните летови чии цени се речиси двојно зголемени (97,4 отсто).

Цените на бензинот во Италија во септември се покачија за нешто помалку од 64 отсто на годишно ниво.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

Што се однесува на прехранбените производи, на врвот на ранг-листата се растителните масла (со исклучок на маслиновото масло), кои поскапеа за речиси 60 проценти. Цените на путерот и оризот се зголемиле за 38, односно 26.7 насто.

Други намирници чии цени се зголемени за повеќе од 20 проценти се тестенините, конзервираното млеко, брашното и зеленчукот.

- Реклама -