Тамара, Врчак и Гаџа добија луксузни телефони од 2be

2be-asd1По повод започнувањето со работа на ланецот на продавници за мобилни технологии „Ту би“, како и заминувањето на нашите евровизиски претставници во Белград, новиот бренд за мобилни технологии на нашиот пазар им подари луксузни телефони на нашите Тамара, Врчак и Гаџа.


По повод започнувањето со работа на ланецот на продавници за мобилни технологии „Ту би“, како и заминувањето на нашите евровизиски претставници во Белград, новиот бренд за мобилни технологии на нашиот пазар им подари луксузни телефони на нашите Тамара, Врчак и Гаџа.

2be-1

Тамара доби елегантен женски модел на телефон брендиран од модната линија Прада, Гаџа ќе зборува со  најдобриот телефон за 2007 година наречен „1000 песни во џеб“, а Врчак доби луксузен менаџерски модел на Нокиа.

„Целта на 2bе беше на симболичен начин да им посака среќен пат на нашите претставници, надевајќи се дека ќе ни се јават да ни кажат убави вести од Белград. Ту би ќе продолжи да ги следи кариерите на Тамара, Врчак и Андријан, а во исто време ќе поддржува многу сегменти од културното живеење на државата.“ – изјави Дејан Величков, Маркетинг Менаџер на 2bе. 

Tу би мобиле е регионален ланец на продавници за мобилни технологии, од неодамна присутен на нашиот пазар. 2be веќе започна со отворање на продавници на целата територија на РМ, нудејќи ги најактуелните понуди на телефони по најповолни услови за купувачите.

2be-2
- Реклама -