Тамара Тодевска јавно се извини и „грешката“ со изоставувањето на стиховите со Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански ја препиша на преголемата еуфорија и емоции. Но Тамара и претходно ја има пеено химната со текст склопен од различните верзии, изоставувајќи го делот со револуционерите.
Во март 2013-та, на гостувањето на Белгија во Скопје против македонската фудбалска репрезентација, Тамара пееше:
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
И тогаш наиде на реакции поради „погрешно испеаната“ химна, потсетува порталот „САКАМДАКАЖАМ“, но Тамара се бранеше дека не било грешка, туку нејзин уметнички избор, бидејќи морала да избере само две строфи од текстот.
„Не се работи за никаква грешка. На ’Википедија‘, македонската химна е напишана во четири строфи. Во интерес на времето ми рекоа да изберам две строфи, јас ги избрав првата и последната. Токму на последната строфа имаше бура од вpecкање, што значи дека на навивачите им се допадна мојот избор“, изјави Тамара за „Вест“, ја цитира „САКАМДАКАЖАМ“.
Со малку пребарување, ќе најдете дека Тамара ја пееше химната и на кошаркарски натпревар во 2017-та година. Тогаш Тамара повторно пееше две строфи, овојпат со поинакви стихови, повторно без делот со Гоце Делчев и останатите револуционери. Тогаш Тамара пееше вака:
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Сепак, најсвежиот пример го имаме од лани, на прославата на Денот на независноста на Република Македонија на 8 септември 2018-та. Тогаш Тамара пред бројната публика, меѓу која и државниот врв, вклучително и премиерот Зоран Заев, ја испеа химната точно до збор, без никакви додавања и одземања (43:30 во видеото):
Само за потсетување и споредба, на вчерашниот прием во Амбасадата на САД, Тамара пееше три строфи, но повторно составени од различните верзии на химната (ВИДЕОТО ТУКА):
Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободно живее!
Македонија слободна,
слободно живее!