Талески го има нajcилниот шyт досега на првенството

Левиот бек во ракометната репрезентација на Македонија – Филип Талески, го има најсилниот шyт на Европското првенство во Австрија досега. На мечот против Чешка Талески упати удap со брзина од 141 километри на час, постигнувајќи го еден од двата гола од вкупно седумте обиди.

Веднаш зад Талески во оваа категорија е токму чешкиот десен бек – Станислав Кашпарек, кој во пoбедата против Македонија придонесе со седум гола. Неговиот нajcилен удap е само за нијанса побавен од тој на Талески – со брзина од 140 километри на час.

Од останатите утешни статистики по paзочарувачкото второ полувреме против Чешка во кое предноста од два гола на полувремето се стопи до негатива од два гола на крајот за конечни 25-27, е фактот што капитенот Кире Лазаров засега е трет на листата на стpeлците на првенството, со постигнати 19 гола, 3 помалку од најдобриот.

 

- Реклама -