Така зборуваа старите

Наидовме на некаква мистериозна колекција од совети од некој со долг стаж на светов, наводно. Мистериозна во смисла дека не е наведено од каде е и кој точно ги дава советиве. На крајот на краиштата, не е ни важно, бидејќи излезе дека всушност и не се така патетични како што очекувавме и какви што обично се наоѓаат на интернет, и дека држат вода. Не се ни нешто претерано длабоки, ама едно е очигледно – дека се проживеани.

• Најважната личност во вашиот живот е личноста што се согласила да го дели својот живот со вашиот. Така и однесувајте се кон неа.

• Можеби ќе имате долг живот, или животот ќе ви биде краток… којзнае. Но во секој случај, верувајте ми кога ви велам дека ќе посакате подобро да сте внимавале на себе во младоста.

• Предметите се само предмети. Немојте да бидете опседнати со материјалните нешта. Ценете ги времето и искуствата, доживувањата.

• Љубомората ја уништува врската. Верувајте ѝ на својата друга половина, бидејќи, кому друг ќе му верувате?

• Луѓето секогаш велат „погрижи се да ја добиете работата каде ќе го работите тоа што го сакате“. Но тоа не е најдобриот совет. Најдобрата работа е работата која некои денови ја сакате, други денови ја поднесувате, а и понатаму ви ги плаќа сметките. Речиси никој нема работа која ја сака секој ден.

• Ако некогаш ви е тешко да се носите со животот, само вратете се во сегашниот момент и уживајте во сé што е убаво и утешно. Длабоко воздивнете, опуштете се.

• Годините поминуваат додека да трепнеш. Немојте да се мажите и жените млади. Живејте го својот живот. Патувајте. Бавете се со сé и сешто, без оглед колку пари имате. Спакувајте ги торбите и одете каде и да можете да си дозволите. Сé додека никој не зависи од вас, не купувајте нешта. Никакви нешта. Видете го светот.

• Не го сфаќајте животот сериозно. Дури и кога нештата ви се чинат мрачни и безнадежни, обидете се да се насмеете на тоа колку е глуп и блесав животот.

• Вистинските пријатели се тие што ќе дотрчаат ако ги повикате во 2 наутро. Сите други се само познаници.

• Децата растат премногу брзо. Максимално искористете го времето со нив.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

• Никој никогаш нема умрено во тага што не работел повеќе. Бидете вредни, ама немојте да ја ставате работата пред семејството, пријателите или себе си.

• Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар и срцево болен кој неодамна имал мозочен удар. За никогаш да не станете тоа.

• Зглобовите кои ќе ги повредите денес, ќе ви се одмаздат подоцна. Дури и ако мислите дека целосно сте се опоравиле. Верувајте ми!

• Имаме само една шанса на земјава. Немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а не сте ги направиле нештата за кои сте сонувале.

• Ценете ги малите нешта и бидете присутни во сегашноста. Што сакам да кажам со тоа? Па, ми се чини дека денес младите сакаат сé и веднаш. Наместо тоа, зошто не го цените секој мал момент? Нема да останеме вечно на оваа луда/преубава планета. И најголемото задоволство може да се пронајде во најдосадните активности. Наместо да пратите порака, кренете слушалка и јавете му се некому. Разговарајте за било што, ништо посебно. Тоа се моментите кои треба да се ценат.

• Плаќајте ги сметките секогаш кога можете и избегнувајте долгови. Да можев да си ги исплатам сите пари кои ги имам платено за камати во сите овие години, ќе бев богат човек.

• Ако сонувате за тоа да бидете некој или да правите нешто што ви се чини невозможно, сепак пробајте. Со текот на годините, како што ќе станувате одговорни и за други луѓе, тоа ќе станува сé помалку изводливо.

• Кога некого запознавате за прв пат, застанете и сфатете дека всушност не знаете ништо за него. Ја гледате бојата на кожата, полот, годините, облеката. Заборавете на сé тоа. Едноставно, прифатете дека не знаете ништо. Овие претпоставки предрасуди ви се јавуваат во главата бидејќи човечкиот мозок сака категоризација. Но тие ве ограничуваат вас, вашиот и животите на другите луѓе.

И, за крај…

• Не земајте ниту еден совет како заповед. Можете да побарате совет од некого кого го почитувате, но тогаш разгледајте ја својата ситуација и донесете своја одлука. Во суштина, мој совет е да го послушате сопствениот совет.

Old man look at my life,
I’m a lot like you were…

- Реклама -