Тајван: Кинески борбени авиони ја преминале средината на Тајванскиот теснец

Девет кинески борбени авиони денеска ја преминале средната линија на Тајванскиот теснец, соопшти тајванското Министерство за одбрана, осудувајќи го инцидентот.

Министерството наведе дека девет кинески авиони преминале на точки на север, центар и југ од средната линија на Тајванскиот теснец што некогаш служел како неофицијална тампон зона меѓу двете страни.

Вооружените сили на Тајван одговориле со сопствени авиони и бродови за да ја следат ситуацијата, по принципот да не ескалира конфликтот и да не се предизвикуваат спорови, соопшти Министерството во Тајпеј, но го обвини Пекинг за создавање тензии.

„Комунистичката војска намерно распоредува сили за да создаде тензии во Тајванскиот теснец. Не само што ги поткопува мирот и стабилноста, туку и негативно влијае на регионалната безбедност и економскиот развој“, порача Тајпеј.

Ескалацијата на тензиите се случува во моменти кога тајванскиот претседател Цаи Инг-вен е во посета на САД.

Извор: МИА

- Реклама -