Home Трачарка Трач Тајните писма на Бред Пит кон поранешната девојка: Постојано мислам на тебе!

Тајните писма на Бред Пит кон поранешната девојка: Постојано мислам на тебе!

0

Додека славниот холивудски актер  со децата и свршеницата Анџелина Џоли (38) го поминуваат Божиќ во Австралија, Radaronline  објави приказна за љубовните писма на Бред Пит (50) кои биле упатени на неговата поранешна девојка Џил Шоелен (50). 

– Те обожавам. Секогаш ќе те сакам. Не можам да престанам да размислувам за тебе. Не сум цел кога ти не си до мене, е дел од писмата…

Актерот и Џил беа во врска кон крајот на 80-тите. Во една прилика и самата Џил раскажа како Бред и ја напишал најубавата песна која еден маж може да и ја посвети на жена.

jill-schoelen-brad-pitt

– Беше многу романтичен, заклучи таа, а врската со него ја опиша како прекрасно животно искуство.

Џил која е позната по улоги во хорор филмови му го скрши срцето на Бред, кога во 1989. година, го остави за друг маж.

– Тоа ми беше една од најлошите разделби во животот. Никогаш не забораваш такво нешто, мислам дека уште не сум поминал сосема низ тоа чувство на понижување, призна актерот.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here