Тајните на руската убавина: Вотка-тоник за лице

Доколку имате проблеми со масната кожа, оваа маана можете да ја решите со помош на еден трик.Станува збор за тоник од вотка кој можете самите да го подготвите дома. Во прашање е едноставен куќен рецепт кој се прави верувале или не од вотка. Овој пијалок е одличен за дезинфекција на лицето, а добар е и за отворање на порите, а  во комбинација со одлични состојки може да стане многу ефикасно средство за чистење на лицето.

Се што ви е потребно за да го подготвите се следниве состојки: Пластично шише со распрскувач, дестилирана вода, Вотка, гранче рузмарин.

Откако ќе ги соберете состојките, започнете со подготовка. Во шишенцето со дестилирана вода, додадете малку вотка, гранка рузмарин, промешајте и оставете да отстои неколку часа. Тоникот се чува во фрижидер, се нанесува на лицето наутро и навечер и никако не смеете да го нанесувате во близина на очите.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци
- Реклама -