Тајните на машкиот оргазам

Женскиот оргазам за многу останува енигма, но машкиот оргазам се карактеризира со некои интересни факти, кои што повеќето луѓе не ги знаат. Време е да ги дознаете.

prematureorgasmmedium050511Во повеќето случаи машкиот оргазам трае подолго

Во просек, машкиот оргазам трае 22 секунди, што е за четири секунди подолго од просечниот женски оргазам. Секој оргазам е различен, а некои може да потраат извонредно долго односно повеќе од 22 секунди. Добрата вест е дека и дамите можат да вежбаат на продолжување на својот оргазам. Редовното практикување на Кегел вежбите, може да го продолжат задоволството неколку секунди.

Сперматозоидите се вистински спортисти

Кога доаѓа до првата ејакулација, спермата може да постигне брзина до 28 километри на час (иако тоа е прилично тешко да се измери). Тоа отприлика брзо колку и трчањето на Хусеин Болт. Откако ќе влезат во вагината, спермата забавува на околу четири километри на час – тоа е брзината со која чекорите кога доцните на важен состанок.

Оргазмот нема да ви наштети на спортските резултати

Спортистите и тренерите долго веруваа дека сексот пред важен спортски настан е лоша идеја. Зошто? Тие верувале дека сексот ја троши потребната енергија. Сепак, не постојат научни докази за ова. Една студија опфатила тестирање на силата наутро по секс, но и по шест дена апститенција. Заклучокот е дека нема голема разлика во спортските резултати. И други студии покажале слични резултати. Значи, не треба да постои страв од секс ноќта пред натпреварот.

- Реклама -