Легендите за лековитите својства на маслиновото масло датираат уште од далечното минато. Незаситените масни киселини, витаминот Е, стеролите и полифенолите се само дел од состојките што ја прават оваа намирница неверојатно здрава.
Но, маслиновото масло има широка употреба, која не е ограничена само на исхраната. Следуваат 10 причини за да имате маслиново масло при рака.
За да ја симнете шминката: Нанесете од маслото на малку памук и нежно истријте ги очите.
За заглавен патент: Капнете малку масло на патентниот затворач и лесно повлечете го горе-доле. Маслиновото масло ќе го подмачка.
За мека кожа: На мократа кожа, по туширањето, нанесете маслиново масло и добро размачкајте го по целото тело.
За нега на усните: Секоја вечер пред спиење, намачкајте ги усните со маслиново масло. Тоа ќе ги омекне.
За полирање на дрвен мебел: На памучна крпа нанесете малку масло и темелно премачкајте ја дрвената површина.
За да се ослободите од вошки: Добро натопете го темето со маслиново масло, обвиткајте ја косата со најлон или капа за туширање и оставете ја да отстои некое време. Пред да ја измиете, прочешлајте ја со густ чешел.
За да направите домашна купка: Наполнете ја кадата, а во водата додадете маслиново масло и миризливи соли. Вашата купка е готова.
За глатко бричењe: Мократа кожа намачкајте ја со маслиново масло и поминете со бричот. Маслото ќе ја замени пената или гелот за бричење и ќе ја спречи иритацијата и црвенилото.
За полирање на кожни кондури: Памучна крпа и маслиново масло е се што ви треба.
За отстранување на налепници: Натопете ги налепниците на стаклото или пластиката, оставете ги на кратко да отстојат, а потоа нежно истријте со сунѓер.